Миланскат недела на Дизајн  започнува утре, 17ти Април и трае до 22 Април 2018.  На една од најпопуларните дати во дизајнерскиот календар доаѓаат посетители од целиот свет, за да ги видат изложбите и инсталациите, поставени низ целиот град.

Покрај полната програма во внатрешноста на градот, на годишниот Salone del Mobile, или саем за мебел, ќе ги видиме најголемите светски брендови со нови производи и колекции во големиот изложбен центар во Рхо до Милано.

Од стотици настани, ова е нашиот врвен избор на изложби и инсталации  кои мораат да се видат:

Норвешко Присуство, Зона Тортона

15 изложби на Миланската недела на Дизајн 2018 кои мораат да се погледаат

Норвешкото учество се враќа во Неделата на Дизајнот во Милано оваа година, со шоу кое ќе се одржи во областа Торона од 17 до 22 април 2018 година. Истражувајќи ја “изработката на модерна Норвешка”, изложбата ќе ги прикаже делата на познати и нови дизајн таленти.

HAY, Palazzo Clerici

15 изложби на Миланската недела на Дизајн 2018 кои мораат да се погледаат

Данскиот бренд HAY се враќа, после нивното отсуство, минатата година.  Работејќи со Sonos и WeWork, HAY ќе изложува во историската Палацо Клеричи прикажувајќи серија на инсталации кои личат на минати и идни сценарија.

The Diner oд David Rockwell, Ventura Centrale, Via Ferrante Aporti 15

15 изложби на Миланската недела на Дизајн 2018 кои мораат да се погледаат

Њујоршкиот архитект Дејвид Роквел ќе соработува со списанието Surface за да гo создадат “Ресторан”, простор во кој Американскиот дизајн ќе биде прославен во сетинг, базиран на “архетипски ресторан на пат”.

Disco Gufram, Mediateca Santa Teresa 14, Via della Moscova 28

15 изложби на Миланската недела на Дизајн 2018 кои мораат да се погледаат

Оваа година, Италијанскиот бренд Гуфрам ќе ја претстави својата нова колекција во диско-тематски простор.  Новата колекција “Диско Гуфрам” вклучува тапацирани седишта инспирирани од ‘диско седиштата’ од седумдесетите, серија на килими со дезени инспирирани од геоментријата на диско подиумите, како и серија на клуб-масички и кабинети со диско топки.

Nendo: Форми на движење, Superstudio, Via Tortona 27

15 изложби на Миланската недела на Дизајн 2018 кои мораат да се погледаат

Нендо ќе претстави 10 концепти засновани на темата движење, како дел од изложбата на Суперстудио.   Посетителите ќе имаат можност да ги видат финалните производи, модели и макети, со увид во процесот на студиото.

Dimore Studio,   Via Solferino 22Via Solferino 11

15 изложби на Миланската недела на Дизајн 2018 кои мораат да се погледаат

Студиото Диморе организира три одделни настани за неделата на дизајнот во Милано.  Првата, Dimore Gallery ќе претстави инсталација на иконски дизајн на 20-тиот век на локација на Виа Солферино 11. Тука, студиото ќе ги изложи и своите најнови дела од колекциите Progetto Non Finito и Oggetti. И на крај, инсталација наречена Limited Edition ќе претстави шест излози на продавници, исполнети со предмети од крајот на 1800-та и почетокот на 1900-та, кои се деконструирани и освежени со модерни лакови и материјали.

Mutant Matter od Dutch Invertuals i FranklinTill,  Via Pastrengo 12

15 изложби на Миланската недела на Дизајн 2018 кои мораат да се погледаат

Во нивната заедничка изложба со експериментален дизајн,  колективот Dutch Invertuals и FranklinTill ќе ја истражат иднината на материјалите. Десет дизајнери ќе прикажат еден поинаков проект, кој го доведува во прашање процесот на изработка во современиот свет, од повторно поставување на постојните објекти и отпадни производи, до сосема нови експерименти со материјали.

MINI Living – Built by All, Via Tortona 32

МИНИ и архитектонското “Studiomama” од Лондон ќе создадат “микро соседство” кое ја истражува соработката помеѓу резидентите и архитектите и начините, како со охрабрување на ова, индивидуалните барања можат да се исполнат подобро.

Living Nature od Carlo Ratti,  Piazza del Duomo

15 изложби на Миланската недела на Дизајн 2018 кои мораат да се погледаат

Сите четири сезони коегзистираат во оваа “павилјонска градина” дизајнирана од Италијанскиот архитект Карло Рати, во асоцијација со Салоне дел Мобиле. Поставена на Миланската Пјаца дел Дуомо, инсталацијата ги претставува пролетта, летото, есента и зимата создадени со системот за контрола на климата во студиото. Растенијата ќе бидат поставени под кристална мембрана, која го филтрира сонцето во просторот.

Horah by Raw Edges for Wonderglass, Spazio Krizia

15 изложби на Миланската недела на Дизајн 2018 кои мораат да се погледаат

Raw Edges до Лондон ќе инсталира серија од 30 движечки лампи во Spazio Krizia, секоја заснована на Израелскиот Хорах танц. Лампите, креирани од Wonderglass ќе бидат изработени од лиено стакло во различни нијанси, кои создаваат шарени сенки низ просторот.

Vegan Design – Или Уметност на намалување,  Spazio Sanremo, Via Zecca Vecchia 3

15 изложби на Миланската недела на Дизајн 2018 кои мораат да се погледаат

Изложба на дела од веган дизајнерот Неви Пана, под кураторство на Мариа Кристина Дидеро, ќе го истражува прашањето: дали е возможно да се дизајнира без користење на материјали од животни?

Google Softwear,  Via Matteo Bandello 14

15 изложби на Миланската недела на Дизајн 2018 кои мораат да се погледаат

За прв пат оваа година Гугл ќе се претстави на Салоне дел Мобиле во галеријата Россана Орланди, со инсталацијата чиј куратор e Li Edelkoort. Тука, компанијата ќе претстави производи од нивниот хардвер опсег, дизајнирани во средини, така што да изгледаат како секојдневни сценарија.  Шест ѕидни панели специјано изработени од холандската дизајнерка Кики ван Ејк ќе ја красат секоја соба, а во просторот ќе има и програма за разговор базирана на интеграцијата на технологијата и лајфстајл предмети.

Open Sky od COS i Phillip K Smith III, Palazzo Isimbardi

15 изложби на Миланската недела на Дизајн 2018 кои мораат да се погледаат

COS соработува со Американскиот уметник Филип К Смит III за да создадат огромна инсталација на отворено која ќе биде инсталирана на Палацо Исимбарди. Сместена во дворот, конструкцијата на Смит ќе биде направена од серија рефлективни делови кои се наменети да го “симнат небото на земјата”, нудејќи им на посетителите мирно место за релаксација.

Not for Sale by Design Academy Eindhoven,  Via Pietro Crespi

15 изложби на Миланската недела на Дизајн 2018 кои мораат да се погледаат

Секогаш хајлајт на Миланскиот круг, шоуто на Академијата за Дизајн од Ајндховен оваа година ќе биде сместено на Виа Пиетро Креспи – улица која креативниот директор на училиштето, Јозеф Грима, ја опишува како “секојдневен Италијански живот”. Студентите преку оваа инсталација која ја завзема должината на целата улица, ќе го испитуваат концептот за тоа што може, а што не може да се купи во смисла на дизајн предмети.

Typecasting by Vitra, La Pelota, Via Palermo 10

15 изложби на Миланската недела на Дизајн 2018 кои мораат да се погледаат

Од архивите на Витра на оваа изложба ќе бидат изложени околу 200 парчиња – иконски предмети, прототипи и дизајни кои никогаш не доживеале да бидат произведени.  Под кураторство  на австрискиот дизајнер Роберт Стадлер, изложбата Typecasting  ќе се одржи во Ла Пелота – поранешна спортска сала во Милано. Со цел да се испита начинот на кој мебелот ги обликува животите на луѓето и нивните идентитети, Стадлер ќе ги групира предметите според ликовите за кои што тој мисли дека ги поседуваат.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.