Џемперите стареат, стануваат мали, се менува модата. Меѓутоа. тоа не значи дека треба да ги фрлите. Дајте им нов живот така што ќе ги преправите во нешто сосема поинакво, а еве и како!

1. Зимски свеќници

Со дел од стар џемпер обвиткајте обичен стаклен свеќник или тегла, а најпрактични делови од џемперот, за оваа намена , се ракавите.

2. Навлаки за перничиња

Наместо да го фрлите, преправете го стариот омилен џемпер во нова мека навлака за перниче. Многу едноставен проект дури и за оние кои не се вешти во шиењето.

3. Ракавици

Ракавиците се уште еден лесен а корисен начин да рециклирате стар џемпер. Со помош на машина за шиење брзо ќе добиете нов пар ракавици кој ќе ве грее.

4. Абажур

Дури и најобичната лампа можете да ја преправите во атрактивна и уникатна доколку и го “облечете“ абажурот во плетен џемпер. Доволно е да причиете парче ластик за внатречните рабови на џемперот, кои ќе го држат материјалот на место.

5. Чувар на топлината на вашиот пијалок

Овој украсен детал на шолјата ќе го одржува пијалокот топол подолго време. Исечете дел од џемперот. На краевите ставете чичак трака или копче, за да може лесно да се симнува. По потреба, на едниот или на двата краја пришијте трака и грејачот за шолјата е готов.

6. Обложена кутија

Оваа симпатична кутија за складирање е направена од најобичен картон и стар џемпер. Додадете и неколку детали, како бела чипка и коноп и ќе биде прекрасно украсена.

7. Вреќичка за пијалок

Наместо во купечка кеса, подарете пијалок во навистина иникатно пакување. Искористете ракав од џемперот да го обложите шишето и украсна трака или коноп да врзете панделка.

8. Новогодишни мини елки

Нема подобро време за рециклажа од празник, кога можете дури и да заштедите доколку сами направите декорација за дома.

9. Уникатни нараквици

Не само што ќе привлекува внимание, овие нараквици обложен со делови од џемпер се многу удобни за носење.

10. Грејач за нозе

Многу едноставно ќе направите грејачи од ракавите на џемперот. Ќе ви требаат и две украсни траки за затегнување, кои ќе ги сплетете нз горниот дел од грејачот.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.