Уредување на стан од 38 м2

0

Дизајнерот на ентериери Pierre Petit го преуредил станот од 38 м2 во Париз и од неугледен и лошо распореден простор добил прекрасен, модерен простор за живеење. Тој го смалил просторот во кујната и бањата, за да добие повеќе простор за дневната соба.

Уредување на стан од 38 м2

Кујната се отвора кон дневната соба во која е сместена и мала трпезарија, па просторот се продолжува природно.

Кујната е одвоена од ходникот со низок ѕид и стакло, со што се добива чувство на пространост и се овозможува продирање на светлина во остатокот на станот.

Ходникот е максимално искористен со додавање на бели вградени елементи,  кои го окружуваат влезот во бањата и се чинат како дел од таа, сега голема просторија.

Прекрасен детал претставува светлиот паркет нареден во дезен на рибина коска, кој внесува визуелна динамика во просторот. Работната површина во кујната е во бојата на подот.

Трпезаријата со масивна кафена маса е опкружена со сиви столици, чија боја визуелно се поврзува со сивата софа во дневната.

Крај софата се наоѓа типичен архитектонски детал на старите Париски станови, камин во темно сива боја. Крај каминот е влезот во спалната соба, во која се повторуваат елементи од дневната, но во понежни нијанси.

Целиот ѕид зад креветот е обоен во светло сива боја, а шарената постелнина внесува малку разиграност во просторот.

Во бањата повторно се јавува комбинацијата на бела боја и светли дрвени елементи која одлично функционира заради својата едноставност и чистота. Бањата е со застаклен туш и вградени елементи и со максимално искористен простор. Одлично!

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.