Смела, енергична, генерално за секого, најдоброто нешто за црвена коса е дека постои нијанса која одговара на секого, од светло костенлива се до топла бакарна. Плус, минатата година, научниците во Холандија открија дека оние со “црвен ген” имаат тенденција да изгледаат најмалку две години помлади од оние со руса, костенлива, или црна коса.

Ја сакате најжешката боја за коса оваа сезона?  Погледнете ги овие совети како да ја носите со стил и како подолго да ви трае бојата…

Кои тонови на кожата одговараат со црвена коса?

Ако одберете црвена, таа е изненадувачки прилагодлива боја која лесно може да се прилагоди на тонот на вашата кожа.  Генерално правило е, колку што ви е потемна кожата, толку треба да е потемна нијансата.  Посветлите тонови на кожа треба да се придржуваат до златно розова, црвена како јагода и меки црвени нијанси; средните тонови на кожа одговараат на светли црвени, бакарни и  црвени како цреша, додека темните типови на кожа ви овозможуваат да експериментирате со црвена заснована на сина и виолетова.

Дали има тонови на кожа кои треба да избегнуваат црвена коса?

Додека “постуден” тен совршено одговара со црвена коса (црвени нијанси се одлични со порозови нијанси на кожа), за оние со маслинеста кожа е посложено да ја најдат соодветната нијанса. Ако имате жолтеникава или маслинеста кожа, одберете бакарни и светло црвени нијанси на боја за коса.

Кои фризури најдобро изгледаат со црвена коса?

Тоа се лични преференции- одлично за црвената коса е тоа што и прилегаат многу фризури,  кратки и долги степени.

Како најдобро да го негувате изгледот на црвената коса дома? 

Со цел да се зголеми долготрајноста на вашата боја (црвените нијанси избледуваат побрзо од сите други) и да ја задржите светла и сјајна со недели по вашата посета на фризерот, инвестирајте во шампон и балсам со добар квалитет.

Фотографии: PA PHOTOS

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.