Стан од 35 квадрати во кој ќе се вљубите

0

Дизајнерското студио “The Goort” го претвори просторот од само 35,7 квадрата во функционален и модерен стан за млади сопственици.

Овај мал стан во Украина, му овозможува на младиот пар простор за дружење со  пријателите со вечера или филм, па дури и место каде тие можат  да преспијат.

Стан од 35 квадрати во кој ќе се вљубите

Пред да биде претворена во простор за живеење, во оваа зграда се наоѓала  печатница, па така, нестандардната висина на станот овозможила изградба на галерија, која овозможила поголема искористеност на просторот.

Стан од 35 квадрати во кој ќе се вљубите

Приватната зона во која се наоѓа спалната соба со гардеробер е отворена и светла, а сепак издвоена од дневната зона предвидена за дружење. Двата простори се поврзани со  едноставни скали.

Стан од 35 квадрати во кој ќе се вљубите

Она што на прв поглед наликува на модерни кујнски кабинети, всушност е компактна кујна, која ги содржи сите неопходни уреди, вклучувајќи машина за перење алишта и садови и аспиратор.

Стан од 35 квадрати во кој ќе се вљубите

Изложениот ѕид од цигли во дневната соба потсетува на повоената историја на зградата, додека новиот дрвен под му дава модерна софистицираност на просторот.

Стан од 35 квадрати во кој ќе се вљубите

Дневната соба се трансформира во совршено катче за филмски вечери. Дизајнерите, место телевизор,  предвиделе проектор и платно кое лесно се  развлекува и склопува кога не е во употреба.

Стан од 35 квадрати во кој ќе се вљубите

По потреба, големите парчиња мебел и го  отстапуваат централното место во просторијата на трпезариската маса на расклопување и дневната соба станува пријатен простор за  дружење и вечера со пријателите.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.