Овој шведски апартман се наоѓа во типично скромна, ниска зграда во Стокхолм, но има импресивен ентериер, а може да се каже дури и спектакуларен. Масивните сводови од цигла во дневниот престој прават атмосфера на стар дворец или барем посебно урбано поткровје, додека терасата со поглед на езеро, до која се доаѓа директно од дневниот престој, потсетува на луксузните туристички куќи. Необичен и незаборавен дизајн.

Добредојдовте во овој единствен апартман, на последниот кат, од каде можете да уживате во погледот на езерото, од големата тераса на западната страна. Во станот, кој се појавил на повеќето списанија и портали за ентериери и телевизиски емисии, ќе наидете на дизајн надвор од вообичаениот. Станува збор за ентериер сместен во куќа од 1910. година, која сегашниот сопственик ја има обновено.

Типичните градежни елементи тука се измешани со многу модерен дизајн, за да се добие удобен и комплетен дом. Се протега на двата горни ката од куќата и има површина од 136 м2. Косиот кров и ѕидовите од цигла на станот му даваат пријатно чувство. Во приземјето се наоѓа голема кујна со трпезарија и излез на терасата, која се капе во утринското сонце, како и голема бања со простор за машини за перење и сушење алишта.

На горниот кат е големиот дневен престој со отворен план и со излез на голема тераса на западната страна, со прекрасен поглед на езерото и топлата бања Бастусјон. Дневниот престој има големи прозорци, кои гледаат кон терасата, печка на дрва и истакнати лакови од цигла. Тука се сместени и три спални соби и многу простор за одлагање на предмети. Исто така, на ова ниво се наоѓаат и голема бања и сауна!.

Извор: Jutarnji.hr

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.