Прикажува 1 од 2

Поткровјата повеќе не се простори за складирање. Таванските простори се почесто ги преуредуваат во станбени еденици, кои воодушевуваат со амбиентот. Трендот започна со преуредувањата на индустриските комплекси, а продолжи со преуредувањето на таванаите на старите згради во централните делови на градовите. Но, за да биде финалниот резултат максимално оригинален, потребно е да пратиме некои правила. Во овој текст ви нудиме четири совети, како да ја уредите спалната соба во поткровје, која ќе биде пријатно место за одмор, особено ако е мала.

Еве ги советите!

Користете светли бои

Поголемиот дел од таванати се мали и често немаат доволно природна светлина. Тоа значи дека треба да ги одбегнувате темните бои. Светлите бои можат да придонесат собата да изгледа поголема и посветла, а тоа е она што Ви е потребно за создавање на пријатен амбиент. Преферирајте една боја за целата соба, за да изгледа отворена, затоа што кога не е поделена таа е поголем простор.

Впечатокот можете да го засилите со под

Тој треба да одговара одговара на бојата на ѕидовите и таванот. Таванските греди, ако ги има, можат да бидат обоени во смеѓа или црна боја, за да бидат нагласени, зато што гредите се поставени према горе, што на окото му дава слика на повисок простор.

Прикажува 1 од 2

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.