Розова, сива, бакар, мермер и фини детали во стан уреден за мајка и ќерка многу модерно.

Денес во многу западни култури розовата боја се смета за боја за девојчиња. Во тоа нема ништо лошо ако е умерено. Розовата ја има таа слаткост и невиност на дете, но во исто време е елегантна, смирувачка и нежна, а нејзината убавина и полниот потенцијал често ги наоѓаме во модерни ентериери. Ниту станот од денешната приказна не е исклучок. Уреден е токму како што сакаме, беспрекорно.

Розовата боја во различни волумени е присутна во дизајнот на секоја просторија, во овој дански стан со големина од 63 м2, које уреден за мајка и Ќерка. Ако во дневната соба цел ѕид е обоен во розова боја, тогаш во спалните соби пастелно розовата се појавува само како лесен детал, а во комбинација со скандинавската црно-бела палета, ентериерот не е здодевен и детски, туку многу модерен и елегантен. Совршен!

Извор: Jutarnji D&D

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.