Ако сте размислувале за реновирање на вашата бања, одлуката да го сторите тоа, не само што ќе и даде нов живот на вашата бања, туку е и мудра инвестиција, која ќе му додаде вредност на вашиот дом.

Кога ја реновирате бањата важно е да се фокусирате на тушот: повеќето возрасни преферираат туш пред када. Според анкета направена од страна на National Association of the Remodeling Industry, купците преферираат туш со лесен пристап.

Следниве идеи се истовремено практични и најверојатно исплатливи во иднина, и тие ќе ја освежат вашата бања со современ стил во кој што ќе уживате.

Еве неколку современи идеи за вашата бања:

  1. Централен (фокален) ѕид

Најновите трендови инволвираат фокален ѕид. Сопствениците на куќи честопати прават големи инвестиции кога станува збор за уреди и фитинзи: смело изведен фокален ѕид во тушот го фокусира окото кон сите убави детали.

За да создадете фокален ѕид, одберете позадинско осветлување, стакло во боја, или плочки со интересен дезен како позадина на вашиот туш.

NARI1.focal-wall

  1. Туш во боја

Во дадени моменти бела бања е по малку анемична, безживотна, ладна. Не плашете се од употребата на силни, енергични, живописни бои. Има голем избор на плочки и завршници во живи бои. Соберете храброст и дадете му малку топлина на вашиот туш!

NARI2.Tush vo boja

  1. Туш во кој може и да се седне

Во денешно време, во бањата може да создадеме тушеви со чувство на спа. Ако не сте подготвени да направите вградена туш клупа, едноставно ставете водоотпорна клупа во самиот туш.

NARI3.Shower seating

  1. Осветлување

Осветлувањето е најчесто занемарена функција во бањата, но тоа е една од најважните компоненти на успешното внатрешно уредување. Кога размислувате каде да биде сместено осветлувањето, обрнете внимание на деловите кои сакате да ги истакнете и на тоа каков амбиент сакате да добиете. Некои тушеви имаат и вградени лед светла.

NARI4. Osvetluvanje vo tush

  1. Нејзин и Негов

Многу домови имаат Нејзин и Негов плакар и Нејзино и Негово лавабо во бањата. Идејата е чекор понатаму – додавање на два туша во бањата.

NARI5. His&Hers

  1. Мешање на плочки

Дајте и сопствен белег на вашата бања мешајќи плочки и дезени, кои додаваат на слоевитоста и текстурата на просторот.

NARI6.Razlicni plocki

  1. Алтернативно

За алтернативен, поразличен туш, имајте во предвид употреба на алтернативни материјали.

За уникатни идеи на туш кабини, употребете алуминиум, плочки во боја, плочки со изглед на дрво и слично.

NARI7. Alternativno

Без разлика за кој стил ќе се одлучите, запомнете да употребите материјали со најдобар квалитет (нормално, најдоброто што вие можете да си го дозволите). И секако, нека бидат едноставни, чисти, лесни за одржување.

Коментарите се забранети