Шах Чераг, што во превод значи “Кралот на светлината“ е позната и како смарагдна џамија и едно од трите најважни одочастија во Иран

Во иранскиот град Шираз, каде што е роден еден од најпознатите персиски поети Хафиз, се наоѓа импресивната џамија Шах Чераг, позната како Смарагдна џамија или Мавзолеј на кралот на светлината, кој ги чува гробовите на браќата Ахмед и Мухамед.

Ахмед и Мухамед, синовите на шиитскиот имам Муса ал-Казим, пребегаа во Шираз, откако Абасидската династија изврши прогон на шиитските муслимани во 10. век. Според преданието, некој патник во далечина ја воочил силната светлина и се упатил кон неа. Кога стигнал, видел осветлен гроб и во него тело во оклоп, кој емитува светлина. На раката ан покојниот се наоѓал прстен на кој било запишано: “Гордоста му припаѓа на Господ, Ахмед, синот на Муса“. Гробот, кој им приаѓал на Ахмед и Мухамед, набрзо стана место за одочастие на шиитските муслимани.

Оваа грандиозна градба е позната по златните минариња, кулите од чии “тераси“ муезинот ги повикува муслиманите пет пати на ден за молитва и мозаиците, а нејзината внатрешност е импресивна. Ѕидовите и сводовите се декорирани со милиони стакленца, кои расфрлаат светлина на сите страни. вратите се покриени со сребрени плочи, а лустерите се кристални, па внатрешноста на џамијата асоцира на кристална сала.

 

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.