Сместена на спектакуларна локација, на стрмната падина опкружена со бујна вегетација, вилата Камелеон е волшебна семејна куќа, целосно отворена кон природата што ја опкружува.

Вилата е изградена на имот до половина хектар, од кој погледот се простира на густото зеленило и реката и токму таа природна околина ја одигра важната улога во креирањето на дизајнот на куќата.

Архитектонското студио “Word of Mouth Architecture” ја прифати задачата да создаде градба, која вистински е поврзана со природата и цврсто интегрирана со топографијата на имотот.

Отстранувајќи ги границите помеѓу архитектурата и природата, архитектите осмислија куќа која делува како да е направена од цврстите карпи, шума и вода.

Големата косина на самиот плац, со висинска разлика од 11 метри, бараше куќата да биде на повеќе нивоа.

Два правоаголни волумени од куќата се поставени еден на друг и се составени од надворешна рамка, која го заштитува внатрешниот, во кој се сместени главните станбени простории.

Целта на надворешната рамка е да го штити ентериерот од временските прилики, како и да дава изолација. Одржувањето на оптималната температура во куќата се добива со помош на зелениот кров, кој служи за собирање на дождовницата.

Во склад со традиционалната архитектура на Бали, освен главниот дел на куќата, изградени се и дополнителни павилјони, секој со различна функција.

Заедничките зони се организирани како големи и отворени простории, додека пак приватните делови на од куќата, како спални соби, канцеларии или теретани сместени во затворени волумени.

Во изградбата на куќата се вклучени и зелени системи, па така освен зелениот кров, за пасивно разладување на куќата се користени одржливи материјали, поставени се соларни панели за производство на електрична енергија, а исто така се вградени и системи за собирање и рециклирање на дождовницата.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.