Сакаме еклектичен стил. Секогаш изгледа весело и разиграно. Со многу интересни детали, дезени и бои, прави добра атмосфера, токму онаква каква што сакаме. Секако, при тоа да не претеруваме, иако и тогаш ја има својата особеност, која никако не можеме да ја занемариме. Сопствениците, Johanna и Christian Hampf , со своите две деца, Aina 3 i Rebeccа 2 години, како и пудличката Lilleu , живеат во овој стан со големина од 84 м2, кој е убав пример на “се по малку“. Уреден е со мебел од средината на минатиот век, со доста рустикални и винтиџ парчиња, како што е слатката комода со цветен дезен во ходникот.

Но тоа не е се! Станот изобилува со умни решенија, кои штедат простор, како што е големата полица за книги на ѕидот од дневниот престој или детскиот кревет со фиоки. Комбинацијата на бои е светла и пријатна. Главната бело-црна боја се надополнува со шарени детали во ведри, жолти и розови тонови. Секако, тука се и неизоставните растенија и цвеќе, кои додаваат романтична нота и доживување.
Погледнете!

Поврзани содржини 

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.