Продавница на REDValentino – Рим, Италија

Како и секогаш, можеме да имаме доверба во India Mahdavi,, 52 –годишната архитектка – дизајнерка родена во Иран, која живее во Париз и на чии таленти им се восхитуваме одамна.

Продавница на REDValentino – Рим, Италија

Овој пат, зборуваме за нејзиниот проект за REDvalentino. Заедно со креативните директори на REDvalentino, Pierpaolo Piccioli и Maria Grazia Chiuri, Mahdavi планираше занесна, романтична атмосфера за главната продавница која се наоѓа помеѓу Via del Babuino и Via Margutta, во близина на Piazza del Popolo.

Продавница на REDValentino – Рим, Италија

Стакло и месинг, розова и златна, карактеристичната заоблена форма на Mahdavi и обложена текстура – сето тоа евоцира слатка, но не и преслатка женствена атмосфера. Седиштата се како бели коцки на сладолед , а табуретките повторно розови.  Можеби помислувате дека е премногу розево, но тоа не е она розево кое не излудува.  Ова е топла боја на праска, впрочем, најверојатно не е ниту розева.  Секако, целиот простор од 180 квадрати е совршено избалансиран со скоро комплетно празен, бел тавански дел.  Окото не е преплавено со визуелни облици или пак со одвишни детали што го иритираат.

И ако розовото и облините не ве воодушевија, комплетното ретро чувство со сигурност ќе го направи тоа.

Mahdavi е позната по дизајнирање на познати хотели и ресторани,  вклучувајќи ги Лондонскиот Connaught и Claridge Hoteli, The Gallery вo Sketch, Monte Carlo Beach Hotel вo Monaco,и  L’Apogee вo Courchevel и Cafe Francais вo Paris.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.