Наскоро ќе биде можно да го намалите вообичаеното загадување на воздухот во затворени простории со помош на завеси. Површинската обработка на база на минерали во контакт со светлина, овозможува новата IKEA завеса да ги уништи загадувачите од воздухот.

Откако загадувањето на воздухот стана глобален проблем, што е посебно изразено во големите урбани средини СЗО изврши анализи и утврди дека околу 90% од светската популација дише загаден воздух.

По тој повод, компанијата IKEA се обврза да даде свој придонес за почист воздух, активно намалувајќи го нивото на загадувачитеи овозможувајќи им на луѓето да го пречистат воздухот во својот дом. Еден од првите чекори на тој пат е завесата GUNRID.

“Освен што ќе овозможи почист воздух дома, се надеваме дека GUNRID завесата ќе ја зголеми свеста за загадувањето на воздухот во затворени простории, инспирирајќи ги на тој начин промените на навики, кои придонесуваат за почист воздух“, рече Лена Прип-Ковач, менаџер на одржливиот развој во Inter IKEA групата.

Завесата користи единствена технологија, која последните години IKEA ги развиваше во соработка со универзитетите во Европа и Азија, како и нивните добавувачи и иноватори. Начинот на кој функционира завесата е сличен на фотосинтезата во природата. Процесот се активира со природна но и со вештачка светлина.

Веќе неколку години IKEA го намалува загадувањето на воздухот во сопственото работење, со укинување на користење на опасни хемикалии и намалување на емисиите на штетни гасови во воздухот. Минатата година IKEA ја започна Better Air Now иницијативата со цел на претворање на оризовата слама, која е остаток од берењето на оризот, во обновлив материјал за своите производи. Исто така IKEA се обврза дека ќе стане климатски позитивна до 2030. година, намалувајќи го севкупното негативно влијание за просечно 70% по производ (во споредба со 2016. година)!

“Знаеме дека не постои единствено решение за намалувањето на загадувањето на воздухот. Долгорочно работиме на позитивни промени за да можеме да им овозможиме на луѓето да живеат поздраво“, нагласува Лена Прип-Ковач.

GUNRID завесата за пречистување на воздухот ќе биде достапна во продавниците на IKEA веќе годинава.

Извор: IKEA.rs
Насловна фотографија: macleans.ca

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.