Во претставата ќе се обидам да раскажам се она што ми се случувало во последниве 30 години поточно. Има многу приказни , случувања, разни ситуации, но во суштина ќе се бавам со она што сум , она што се трудам да бидам сиот мој живот и се што сум пропуштила.

Забавно и единствено.

Не сакам конвенционални одбележувања на јубилеј и затоа се одлучив за стенд ап форма. Освен што сум единствена жена што се бави со таа форма и навистина не знам зошто, ќе се обидам и на таа тема да се искажам. Нели родова еднаквост , скоро 22 век ама ние со родова еднаквост се бавиме. МНТ не само што нуди туку и постојано ми е верен другар низ годиниве.

Со МНТ ги поминав сите луди години, деца ми израснаа на проби и претстави, безброј режисери, убави души, прекрасни луѓе. За мене МНТ е живот! Вистинската љубов е кога во една врска никогаш не менуваш, го прифаќаш онаков како што е. МНТ е иделниот мој партнер! Ова е само еден ден во мојот живот кој ќе биде голема љубов и многу смеење.Заборавивме да се радуваме на нештата, заборавивме да живееме.Животот е сега и овде, тука и денес.

Преземено од. Наше Театарче.мк

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.