Пјер Огист Реноар е еден од најпознатите француски сликари. Припаѓа на школата на импресионизмот, но доста брзо се одвоил од неа во 1880. Позаинтересиран за портретите и за актите отколку за пејсажите, има свој карактеристичен начин на сликање, кој ги надминува првенствените влијанија (Фрагонар, Курбе, Моне, италијанското фреско сликарство). Во тек на шеесет години насликал повеќе од шест илјади слики, со што го надминува Пикасо.

25. 02 1841 – 03. 12 1919

Развил сопствен израз карактеристичен по светлорозовите и модри тонови. Во последниот период од своето творештво се занимавал и со вајарство. Најпознати негови слики се „Капачки“, „Мулен“ и „Лука“. Со своите слики првпат се појави на изложбата на импресионистите во Париз, во 1874 година.

Во музеите Мармотен-Моне и Ермитаж се изложени некои од делата од Пјер-Огист Реноар.

Славејќи ја убавината, а посебно женската сензибилност, се вели дека “Реноар е последниот претставник на традицијата, која тече директно од Рубенс до Вато”.

Реноар ја доживеал својата прва популарност кога шест од неговите слики биле изложени на првата импресионистичка изложба во 1874. Истата година две од неговите дела биле прикажани со Диран-Риел во Лондон.

Лулашката (La Balançoire), 1876, масло на платно, Музеј Орсе, Париз.

Во 1881 година, тој патувал во Алжир, земја што тој ја поврзувал со Ежен Делакроа, потоа во Мадрид, за да ја види работата на Диего Веласкез. Потоа патувал во Италија, за да ги види ремек-делата на Тицијан во Фиренца и сликите на Рафаел во Рим. На 15 јануари, 1882 Реноар се сретнал со композиторот Рихард Вагнер во неговиот дом во Палермо, Сицилија. Реноар го насликал портретот на Вагнер за само триесет и пет минути. Истата година, Реноар се разболел од пневмонија која ќе предизвика трајно оштетување на неговото респираторниот систем.

Во 1883, летото го поминал во Гернзи, создавајќи петнаесет слики за малку повеќе од еден месец. Повеќето од овие слики го прикажуваат Мулен Ует, залив во Сен Мартен, Гернзи. Гернзи е еден од Каналските острови во Англискиот канал, и прикажани се сцени на плажи, карпи, заливи, шумите и планините. Овие слики беа предмет на серијал поштенски марки издадени во 1983 година.

Додека живеел и работел на Монмартр, Реноар ја вработил како модел Сузан Валадон, која позирала за него (The Bathers, 1885–87; Dance at Bougival, 1883).

Во 1890 се оженил со Алин Викторин Шариго, која, заедно со големиот број пријатели на уметникот, послужила како модел за Ручекот на чамџиите (Déjeuner des canotiers, 1881 ), со која веќе имал едно дете, Пјер, уште од 1885 година. Семејството Реноар имало три сина од кои едниот, Жан, станал познат режисер.

Сликите на Реноар се значајни поради нивната жива светлина и заситена боја, најчесто, задржувајќи се на луѓето во интимни и искрени композиции. Женскиот акт е една од неговите основни субјекти. Во карактеристичен импресионистички стил, кај Реноар се појавуваат деталите на сцената преку слободен допир на четката врз бојата, така што неговите личности нежно се слеваат со околина.

Клод Моне во неговата градина

Во доцните 1860-тите, преку сликање на светлината и на водата “плен ер“ (на отворено), тој и неговиот пријател Клод Моне, откриле дека бојата на сенките не е ниту кафеава ниту црна, туку дека ја рефлектира бојата на предметите околу.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.