Главна задача на стилистите на ентериери е способноста да размислуваат за секој и најмал детал, да ја чувствуваат шемата на бои и полутонови, за да создадат посакувано расположение. Младата и талентирана стилистка Ида Лауга ги има сите тие карактеристики: просторите кои ги создава се суптилни, меки, сензуални, но и модерни и многу елегантни. Таа некое време живееше и работеше во Париз, но од неодамна е во Стокхолм, каде што успеа да го прикаже сиот свој талент, работејќи за познатите скандинавски брендови за мебел и списанијата: IKEA, Elle decoration, Triwa, Svegro, Fantastic Frank, Arla, Folkhem, Residence, Plaza Interior, Rum hemma, се само некои од богатиот опус на оваа млада, талентирана жена. Денес сакаме да поделиме со Вас некои од најдобрите ентериери од нејзнито портфолио. Се надеваме дека вистински ќе уживате во следните фотографиите!

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.