Единствен, колоритен ентериер, исполнет со многу впечатливи детали, необични парчиња мебел и оригинално осветлување е доказ дека годините не ја дефинираат состојбата на духот. Една нетипична постара брачна двојка реши да го трансформира својот стан во разигран животен простор, кој зрачи со топлина и позитивна енергија, со помош на дизајнерското студио Арт Груп.

Голема, отворена дневна просторија е делумно поделена на зони, за да ги одвои различните потреби на проширеното семејство, кое го сочинуваат повеќе генерации. Пространата дневна соба е дефинирана како удобен и пријатен простор во кој се собира семејството.

Карневал од ведри бои и дезени внесе живот во неутралниот простор на дневната соба. Светлата палета на бои, на ѕидовите и мебелот ја збогатија акцентирани детали, како што се украсните перничиња и уметнички дела.

Каминот, кој е еден од највпечатливите делови на ентериерот, во оваа просторија привлекува најмногу внимание, пред се благодарејќи на зелено-белиот дезен. Вертикалните полици складно го доплнуваат просторот околу каминот.

Еден од најатрактивните делови на станот е несекојдневната кујна изработена од бакарни кујнски елементи. Во рефлњектирачката површина на елементите и апаратите од бакар, се отсликува дневната соба, која од кујната ја дели остров со барско столче.

На местото кое се капе во природна светлина сместена е трпезаријата. Масивната плоча на трпезариската маса е поставена на испреплетени дрвени ногарки во повеќе бои. Разиграната композиција ја надополнува миксот од различни трпезариски столчиња.

Лустерот како од бајки е поставен над масата. Редови топки од разнобојно дувано стакло висат од плафонот, како украсни орнаменти.

Пултот и барските столчиња го делат удобното катче за читање или одмор, од главната дневна соба.

Розовата фотелја со големи табуретки, кои патем совршено одговараат, креира извонреден спој со сино-портокаловиот тепих, со геометриски мотиви и декоративни кафези.

Многу боја внесуваат и разновидните керамички вазни и декоративни предмети, изложени на брановидни дрвени полици.

Функционална и удобна, третата дневна соба е облечена во нежни нијанси на портокаловата и сината боја.

Изложениот ѕид од цигла функционира како неутрална, но не и монотона позадина за разиграната поставеност на предметите на отворените полици.

Во просторот владее енергичен спој на ткаенини од Узбекистан, слики од руски уметници и “богатстава“ пронајдени на пазарите, а потекнуваат од Италија или Шпанија.

Кога ќе се стемни, до израз доаѓа оригиналното ЛЕД осветлување, вградено во плафон и ѕид, во различни должини и широчини.

Истиот систем на осветлување е повторен и во работната соба. Дополнително осветлување дава и модерниот сет лустери.
Во главната спална соба ЛЕД траките се сместени во длабнатините на необично белиот ѕид.
Атрактивните отворени полици и ѕидот од соголена цигла се присатни и во оваа просторија.
Лед Траките се протегаат по целата широчина на плафонот и се спуштаат зад впечатливита слика, која стои на рефлектирачката конзолна маса. Низ големиот прозорец може да се види бањата која е припоена кон главната спална соба.
Централниот елемент на раскошното купатило е елегантната самостоечка када со славина од месинг.
Зелениот елемент складно се вклопува во живописната палета на бои.
Уште еден дизајнерски ефектен потег – камените лавабоа поставени на дрвена плоча во потполност одговараат на стилот на бањата кој асоцира на природата.

Храбриот спој на магента и сината боја доминира во втората спална соба.
Атрактивен новитет во оваа просторија претставува и декоративниот ѕид од стаклени блокови поставени на наслонот на креветот.
Дискретното осветлување даваат светилките во индустриски стил.

Цветниот дезен и комбинацијата на сина, зелена и жолта боја и даваат живост на помалата бања.

Третата спална соба е со палета на земјени тонови. И тука е присатен складниот микс на уметнички дела и дискретен спој на различни дезени.
Розовите снадаци служат како интересна замена за ноќните столчиња.
Неизоставен дел на просторијата претставуваат атрактивните полици, кои го раздвојуваат делот за седење од остатокот на собата.

Разиграните шари се украс на третата бања. Дрво, камен и месинг можат да се видат во овој простор.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.