Иако пораснала во луксуз и без какви било неисполнети желби, кога решила да стане актерка, Салма Хаек морала силно да се бори за да успее, заради што на никого, па ни на нејзиниот сопруг, никогаш не му дозволила да ја ограничува
Исто така, иако многумина веруваа дека мексиканската актерка нема никогаш да стане нечија сопруга, таа сосема неочекувано, на 42 години тајно се венча на Денот на вљубените, за таткото на нејзиниот син, францускиот милијардер и извршен директор на една од најмоќните Француски компании PPR, Франсоа Анри Пино.

Фото: People

Таа дошла на свет на 2 Септември 1966 година, во градот Коакакоакос, во близина на најголемото мексиканско пристаниште Веракруз. Нејзината мајка Дајана во тоа време веќе имала сериозна кариера на оперска пеачка, а благодарение на нејзиниот сопруг, Либанецот Сами Хајек, почитуван експерт за нафта со големи политички амбиции, живеела на висока нога. Салма, љубопитно девојче, секогаш подготвено за разни лудории со својот помлад брат, кој денес е респектиран дизајнер на мебел и предмети за домаќинство, растела во голем луксуз, но и во строг католички дух.

“Во детствотo, имав сè што сакав. Да сакав тигар, ќе го добиев. Бев навистина разгалено детиште кое зимуваше во најскапите Американски одморалишта и летуваше во најубавите крајбрежја на Средоземното Море” – објаснува Салма.

Нескротливата природа Салма ја покажала уште во 12та година во католичкото училиште, каде внела немир во спокојниот живот на калуѓерките. “ Сешто им правев. Еднаш им го вратив будилникот за три часа, па среде ноќ скокаа од креветите.“ – се сеќава тaa. Набргу била избркана од училиштето, па средно училиште завршила кај сестрата на својата мајка во Хјустон, а потоа се запишала на студии за меѓународни односи на Универзитет во Мексико. И покрај тоа што е, благодарение на врските на нејзиниот татко, ја очекувала сигурна иднина во политиката, Салма се трансформирала во голем обожавател на драмската уметност. “Како 12-годишно девојче, ми беше дијагностицирана дислексија, што многу ме загрижи, а моите родители не беа покрај мене. Имав проблем со пишувањето и учењето, бев лош ученик и верував дека ништо не вредам. Иако подоцна успеав да го надминам тоа чувство, станав многу срамежлива и за разлика од многу мои колеги, не ни сонував дека ќе бидам актерка или било каква позната личност, бидејќи се плашев од јавни настапи и секогаш имав трема“ – се сеќава Салма на моментот кога сфатила дека сака да глуми и по никоја цена не сака да се откаже од своите соништа.

“Не се срамам што ја започнав мојата кариера во сапуница, бидејќи тоа ми помогна да излезам од анонимноста. Жените почнаа да ме препознаваат на улица и ми беше многу пријатно, но чувствував дека тоа не е тоа и дека можам да сторам многу повеќе. Затоа решив да одам во Холивуд и да се обидам да успеам. Бев решена да станам некој и нешто, иако многумина ми се смееа поради мојот смешен акцент и затоа што сум им изгледала како селско дете” – раскажува Селма, која дури во 1995 година успеала да се појави на големото платно во филмот “Деперадо”, каде нејзин партнер беше шпанскиот актер Антонио Бандерас. Таа сфати дека Мексиканките во американски филм можат да добијат само улоги на слугинки и проститутки, но тоа не ја поколебало. Пријателството со мексиканскиот режисер Роберт Родригез, на чии деца им стана кума, ја водеше полека, но сигурно кон холивудскиот успех. Улогата во “Деcперадо” ја добила случајно, бидејќи некако се вклопувала во тој лик.

Фото: IMDb

За својата популарност, Салма може да им се заблагодари на раскошните облини, кои не сакала да ги корегира со диета: “Не можам да бидам на диета, тогаш сум зловолна. Никогаш не сум била во теретана. Најсмешно ми е кога девојките во мене гледаат некоја недопирлива убавица. Мојата убавина се крие во мојата лична одлука да бидам она што сум, а не во убавите бутини, бидејќи моите се полни со целулит “, признава Салма.

Таа го покажа својот актерски ентузијазам и во филмот “Од самрак до зори”, а особено во “Фрида”, кој во 2003 година и ја донесе номинацијата за Оскар, но и зависноста од никотин, од која до денес не се ослободила сосема.

Фото: Amazon.com
Фото: Pinterest

Иако со нејзината бестрашна природа секогаш кревала прашина, каде и да се појавела, деталите на нејзиниот љубовен живот никогаш не ги полнеле весниците. Четиригодишната врска со актерот Едвард Нортон завршила бидејќи тој не можел да им одолее на другите жени. Едногодишната романса со Џошуа Лукас, исто така, брзо завршила. “ По раскинувањето со Едвард, го запознав Џош и не е вистина дека некогаш сум бил во истовремена врска, иако некои таблоиди го пишуваа тоа. Јас не сум таков човек, јас сум алергична на лага и никогаш не го правам тоа, верувам во Бога и никогаш не би можела да мамам никого.“

Во следните неколку години, Салма одлучила да се посвети на себе си и на надградбата на својата личност.

Фото: Pinterest
Фото: Zimbio

Затоа, кога во 2006 година, на големата ликовна изложба во Венеција, го сретнала најбогатиот Французин Франсоа-Анри Пино, таа не верувала дека средбата ќе биде судбоносна. Но, кога на 21 Септември 2007 година го родила своето прво (нему трето) дете, Валентина Палома, меѓу нив се создала нераскинлива врска. “Кога се запознав со Франсоа, јас не верував дека ќе имам нешто со него, а потоа почнав да верувам дека тој е идеален човек за мене. Останав бремена и станав свесна дека единственото нешто што го сакам во мојот живот е да станам мајка. И кога се роди мојата принцеза, бев навистина среќна. Сфатив дека во претходните години не бев среќна и се чувствував осамена, а откако ја имам ќерка ми, знам дека никогаш повеќе нема да бидам сама“ – рекла актерката.

Фото: Le Parisien

Иако тие станаа родители во 2007 година, во брак стапиле две години подоцна, и правеле две свадби, во Париз и во Венеција. “ Бевме свршени, а потоа раскинавме. Франсоа почна да ме нервира и не можев да замислам да бидам негова сопруга, а потоа, кога на некое време се разделивме, сфатив дека толку го сакам, што не можам без него. Затоа конечно решив да се омажам, но и да не останам стара мома, бидејќи тоа е најстрашна клетва во мојата земја“ – се пошегувала актерката.

Можам да кажам дека сега, со педесет и една година, конечно пораснав. Иако секогаш сакав да останам дете, конечно станав жена. Се уште се навикнувам на таа улога и можам да кажам дека не ми е ниту малку интересна, но ниту лесна – со насмевка завршува Селма, еден од најголемите борци за права на жените кои се жртви на семејно насилство.

Дека нејзината љубов кон сопругот е вистинска и за цел живот, сведочи податокот од 2011 година, кога таа одлучила да премине преку скандалот што и го подготвил Франсоа, откако медиумите откриле дека супермоделот Линда Евангелиста родила негов син, а потоа побарала и алиментација од 46 илјади долари месечно.

Насловна фотографија: Memes.com


Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.