Кај уредувањето на дневната соба многу е важно да се пронајде рамнотежа помеѓу функционалноста и естетиката. Дневните соби кои ви ги претставуваме се естетски, функционални, имаат карактер и пред се се женствени. Дамите кои стојат зад овие соби не им робуваат на трендовите, затоа овие соби се безвременски и единствени. Удобни, елегантни, посебни, секоја на свој начин зборува за карактерот на сопственичката и можат да послужат како извонредни примери. Секоја има своја приказна. Во некои доминира класичниот стил, во други скандинавски, додека некои се еклктични и ведри. Но ниту една од овие соби не е копија, а во секоја од нив е нагласена особеноста на сопственичката со различни украси и елементи. Се надеваме дека ќе ви послужат како добри примери во некое од следните опремувања и ќе ве поттикнат да размислувате надвор од рамките и да направите, сосема свој дневен престој, во кој вие и вашите најмили со задоволство ќе престојуваре.

1 2

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.