Прикажува 1 од 4

Родени во оваа недела:

13. 01 1977 Орландо Блум – актер
14.01 1861 Мехмед VI – отомански султан
15. 01 1622 Жан Батист Поклен Молиер — француски писател и артист
16.01 1974 Кејт Мос — британска манекенка
17. 01 1956 Пол Јанг — англиски поп-пејач
18. 01 1950 Жил Вилнев — канадски возач на Формула 1
19. 01 1839 Пол Сезан — француски сликар

Овен

Нови финансиски и деловни можности. Поволни финансиски и професионални односи со лица во знакот на Близнаци, Вага или Водолија.
Обврска да средите/порамните финансиски договори или односи, коишто, најверојатно, ќе бидат поврзани со луѓе или компании вклучени во други порамнувања.
Ќе добиете пари за кои сте биле известени во 2018 година.
Емотивни проблеми за некои брачни парови што се должат на неверство, недостаток на внимание и почит кон другиот партнер и кон неговите/нејзините потреби.

Бик

Тешка недела главно поради недостаток на толеранција за дејствија, грешки и недостаток на одговорност на луѓето со кои живеете или работите. Споровите и конфликтите сепак нема да ја прекинат вашата поврзаност со нив.
Неочекувани гости во вашиот дом ќе дојдат за добри/ радосни вести.
Ќе посетите некого поради специјална, главно, весела пригода. Неочекувана средба или нов познаник, што ќе се случи во вистинското време за вас.
Лесни здравствени заболувања кај жените-Бик; тоа ќе биде сигнал за промена во начинот на живеење.
Важен разговор со девојка или млада жена што ќе ве загрижи поради деликатната тема.

Близнаци

Избегнувајте проблеми со машки лица. Дури и ако овие проблеми се за ситници, тие може да се претворат во торнадо кое може да го уништи она важното во вашите односи или планови.
Може ќе се растажите поради некои повреди или незгода дома.
Немарно однесување на дете може да доведе до оштетување на важна или скапа своина или други предмети.
Ќе размислувате како да откажете планови, обврски и ветувања поради нови околности и цели.

Прикажува 1 од 4

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.