Прикажува 1 од 4

Овен

Љубов

Планетите ве поттикнуваат на забава и уживање, па затоа не чекајте, препуштете му се на ритамот. Не само што ќе уживате во љубовта, туку и ќе ја зацврстите врската. Оние кои се сами оваа недела нема да го најдат својот идеален партнер, ќе имаат само мини авантури.

Работа

Ќе имате многу обврски од кои ќе добиете главоболка. Кариерата и професионалната ситуација во моментот е во рацете на други луѓе. Внимавајте на финансиската состојба, нешто погрешно пресметувате.

Здравје

Доста добро.

Бик

Љубов

Инспиративна и среќна недела. Ќе имате силно влијание на односите со парнерот и семејството. Бидете смирени и прифатете ги критиките кои можеби ќе ве повредат, но сепак ви се дадени за да ви помогнат.

Работа

Безброј обврски ви останале незавршени, па така ќе биде потребно да се ангажирате повеќе од вообичаено. Единствен начин е да започнете од почеток и по ред да ги расчистувате задачите.

Здравје

Повеќе сон, помалку килограми, повеќе здравје.

Близнаци

Љубов

Сонцето со неговото силно влијание врз вас ги прави вашите љубовни односи лесни и пријатни, уживајте во љубовта со партнерот, а доколку сте сами оваа недела ви претстои интересна средба.

Работа

Ќе се нервирате бидејќи колегите нема да си ги завршуваат обврските па тие ќе останат за вас. Не дигајте голема паника, ова е минлив период кој релативно кратко ќе трае.

Здравје

Започнете да вежбате, проблемите значително ќе ви се намалат.

Прикажува 1 од 4

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.