Трендот на мали и компактни животни простори продолжува. На пазарот има се повеќе интересни решенија, кои во многу мал простор успеваат да сместат навистина сѐ што може да ви затреба. Еден од таквите простори е и оваа куќичка на фирмата New Frontier Tiny Homes, наречена  Alpha Tiny Home. На само 23 м2 се наоѓаат сите простории потребни за нормално одвивање на животот… спална соба, дневен престој, кој се претвора во трпезарија, бања, па дури и тераса.

Добро е што оваа чуќа може да се прилагоди на потребите на идниот сопственик. Висококвалитетната куќичка е поскапа од поголемиот дел на слични такви и изнесува 95.000 долари, поради квалитетот на материјалети, извонредната градба, мултифункционалноста на мебелот и максимално искористениот простор.

Куќичката има тераса со настрешница, која можете да ја отворите по потреба, дрвен под, големи стаклени прозорци, па сури и џакузи. Спаланата соба е сместана над бањата и до неа се доаѓа по скали. Масата во трпезаријата е под површината на кујната. Извонредно!

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.