Масата “пеперутка“ е многу практично парче мебел особено за мали станови (ние ќе додаме е и мали канцеларии). Ова име го има добиено поради двете крилја, кои се креваат и спуштаат по потреба.

Во малите простории е најважно да имате функционален мебел, а ова парче е токму такво. Освен основната намена може да се користи и како простор за одлагање на предметите.

Масата на Данскиот производител на мебел Skovby, во централниот дел има вграден жичан елемент за извлекување, во кој можете да чувате зачини, чаши, па дури и кујнски чаршафи.

Извор: Gradnja

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.