Од следното лето возовите, трамваите и автобусте во Луксембург стануваат бесплатни, најави премиерот на оваа земја, Савиер Бетел.

Фото: Futurism

Како што се тврди, целта е да се намали емитирањето на штетните гасови и да се намалат сообраќајните метежи. Иако Луксембург е многу мала земја, со околу 600.000 жители, секој работен ден од околните земји, Белгија, Германија и Франција, на работа патуваат 400.000 луѓе. Освен тоа, од сите земји членки на Европската Унија токму Луксембург има најмногу автомобили по глава на жител.

Фото: Unilad

Годинава им е веќе овозможено на сите млади под 20 години да користат бесплатен превоз, а на средношколците им е обезбеден бесплатен превоз до училиштето и назад до дома.

Извор: Original
Насловна фотографија: Profimedia

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.