Во оваа куќа можете да живеете како вистински крал на лавовите и да бидете на само еден метар од нив. GG Conservation во Харсмит, во Јужна Африка, на гостите им нуди единствено искуство, изнајмување на куќа со три соби околу која живеат 77 лавови. Една ноќ помината тука чини 90 евра, а букирањето е преку Airbnb.

Сузан Скот, директорката на објектот на GG Conservation тврди дека престојот во куќата е совршено безбеден, затоа што околу куќата има ограда со силна струја. На тремот на куќата гостите прават скара додека во позадина се слуша рикањето на лавовите, но и песната на птиците. Сузан тврди дека гостите можат да бидат толку блиску до лавовите, за да од блиску го посматраат нивното однесување.

– Многу сте блиску, ве дели само метар кога стоите до оградата. Ако сте на тремот на куќата, тогаш сте на два метри од лавовите. Се чувствувате како да живеете со нив, како да сте дел од чопорот. Најдобриот дел е ноќното рикање на 77 лавови, во сараунд и многу е инспиративно. Имотот каде што ние живееме е во потполност опкружено со лавови – вели Сузан.


Во самата куќа има три спални соби, камин, а достапен е и интернетот.

Средствата од букирањето од Airbnb директно одат во фондот со кој Сузан и нејзините вработени се грижат за лавовите.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.