Мислите дека сте Шкорпија, а имате карактеристики на Стрелец? Нештата сепак стојат малку поинаку.

Хороскопот во кој сите ние веруваме е креиран пред повеќе од 2.000 години, а од тогаш до денес соѕвездијата се поместени за еден месец. Од тие причини и ѕвездите ја промениле својата положба, пренесува The Guardian. Тие поместувања имале големи ефекти на Зодијакот.

На пример, луѓето кои се родени кон крајот на јануари веруваат дека се родени во знакот на Водолија, а всушност му припаѓаат на знакот Јарец.

Стручњаците откриваат уште неколку недостатоци на модерниот хороскоп. Всушност, Зодијакот има 13 знаци, и кон него треба да се додаде знакот Змијоносец, и тоа помеѓу Скорпијата и Стрелецот.

Во времето на старите Грци, кои го креирале Зодијакот, ѕвездените знаци, па со самото тоа и хороскопските знаци им се доделени на луѓето врз основа на соѕвездијата кои во тој момент биле зад Сонцето. Кога тој начин на одредување ќе се пренесе во иднината, резултатите се малку поинакви. Тоа малку значи дека дури 86 отсто од луѓето живеат во заблуда и веруваат дека му припаѓаат на погрешен хороскопски знак.

Стручњаците направија и програма Stargazing Live кој ги корегира овие неправилности и дава точни астролошки одредувања.

Ако сте родени во периодот од 21-ви јануари до 16-ти февруари, вашиот зодијачки знак е Јарец.

На Водолиите им припања периодот од 17-ти февруари до 12-ти март.

Хороскопскиот знак Риби се луѓето кои се родени од 13-ти март до 18-ти април.

Овновите го заземаат делот од 19-ти април до 14-ти мај.

Оние кои се родени помеѓу 15-ти мај и 21-ви јуни му припаѓаат на знакот Бик.

Ако својот роденден го славите од 22-ри јуни до 20-ти јули, тогаш вашиот хороскопски знак е Близнаци.

Раковите пак се оние кои се родени помеѓу 21-ви јули и 10-ти август.

На Лавовите им е доделен делот од годината од 11-ти август до 16-ти септември.

За Девиците пак е периодот од 17-ти септември до 31-ви октомври.

Вагите го опфаќаат времето од 1-ви до 23-ти ноември.

За Скорпиите е резервиран периодот помеѓу 24-ти и 29-ти ноември.

Змијоносците се раѓаат од 30-ти ноември до 18-ти декември.

Стрелците го опфаќаат делот од 19-ти декември до 20-ти јануари.

Насловна фотографија: Википедија

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.