Прикажува 1 од 4

Овен не одговара со: Близнаци, Риби и Девица

Припадниците на овој знак постојано се создадени за љубов и нови искуства, а често поради брзоплетоста влетуваат во врска пред добро да го запознаат партнерот. Не сакаат луѓе кои глумат и претерано кукаат, па такви не можат да ги освојат, а сакаат самоуверен настап. Најлоша љубовна врска е со рибите, кои за нив се пресентиментални, потоа со близнаците, бидејќи постојатно ќе се караат, како и со девиците, кои за нив се премногу комплицирани.

Бик не одговара со: Овен, Стрелец и Близнаци

Со припадниците на овој знак владее Венера, која ги прави одлични кандидати за врска, па тие навистина стануваат тоа дури со вистинскиот партнер, додека во меѓувреме можат да имаат многу безначајни афери. Ги одбиваат трачари и оние кои премногу се вплеткуваат во туѓите животи. Најлоша љубовна комбинација е со стрелците, кои за нив се однесуваат премногу слободно и независно. Лош избор се и близнаците, кои се премногу непостојатни како и овните, со кои поради слична силна волја постојано ќе се препираат.

Близнаци не одговараат со: Бик, Рак и Риби

Припадниците на овој знак по природа се заљубливи, но брзо се одљубуваат ако партнерот ги разочара. Ги одбиваат луѓе со кои немаат заеднички теми, оние кои се предвидливи, т.е. по нивното сфаќање досадни. За близнаците најлош љубовен спој е со бик, кого нема доволно да го ценат бидејќи не може да ги следи во животните предизвици и амбиции. Лош спој се и со ракот, кој за нив е премногу стабилен и предвидлив, но и рибите, чија емотивност често ги гуши.

Прикажува 1 од 4

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.