Кој не сака да седи на балкон со добра книга и чаша вино?  За да  уживате во вашиот балкон во наредните неколку месеци, направете го да блеска со овие совети и трикови.

8 едноставни начини како да го трансформирате балконот во шик простор

  1. На вашиот балкон гледајте како на продолжение на дневната соба и потрудете се околу неговиот дизајн.
  2. Фокусирајте се на бои кои се координираат со вашиот ентериер.
  3. Не плашете се да експериментирате со боја и дезен. Малите простории како што е балконот, даваат можност да излезете од вашата зона на удобност.   Претежно розова и зелена како нане палета, на овој балкон (горе) му дава свеж изглед, додека миксот на графички дезени кои се гледаат во перничињата и килимот ја зголемуваат визуелна привлечност. Смело одбраниот тепих, исто така го крие бетонскиот под.
  4. Искористете го максимално балконот со создавање на различни зони (како дел за седење и бар).

8 едноставни начини како да го трансформирате балконот во шик простор

  1. Инкорпорирајте зеленило за да создадете луксузен изглед. За летните месеци да се искористат најдобро, вклучете жардиниери со цвеќиња во жива жолта и сина боја (како на сликата погоре). Импресивните жардиниери помагаат во создавање на интимност и го одвлекуваат вниманието од погледот на соседните згради.
  2. Маскирајте непривлечен, бетонски под со килим или пак со интересни плочки.
  3. На таванот закачете низа на светилки за убава атмосфера која ќе создава етеричен ефект во ноќта.
  4. Вклучете раскошен параван за приватност (никој не ужива да гледа во алиштата на соседите од зградата наспроти вас!), кој ќе служи и како интересна фокална точка. И не заборавајте да додадете огледало, кое визуелно ќе ви го зголеми просторот!
  5. Релаксирајте се и уживајте!

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.