Постојат простори за кои веднаш можеме да кажеме, да, тоа е дом на креативна личност. Денес сакаме да споделиме со Вас токму таков вид на недвижност, единствено трисобно поткровје во 13. париски арондисман, со сопствена градина и големо креативно студио со стаклен кров. Фотографиите на зградите, кои се наоѓаат на ѕидовите во трпезаријата, нѐ остават дилема за професијата на сопственикот. Тука живее архитект. За него тоа не е само дом, туку и инспиративен работен простор. Необичен, интересен и убав!

Сместена на левиот брег на Париз, оваа самостојна куќа е потполно обновена и зазема површина од 245 м2, има 172 м2 станбен простор и градина од 97 м2. Влезот отвора голем простор, каде чистите и современи линии совршено се вклопуваат со изворните елементи на архитектурата. Дневниот престој, трпезаријата и потполно опремената кујна се една, отворена просторија. Дневната зона е организирана околу печката на дрва и има директен пристап до градината и старата гаража претворена во работилница.

На првиот кат се наоѓаат две големи спални соби, гардероба, бања и одвоен тоалет.

Но, она што претставува срце на оваа недвижност е вистинското уметничко ателје и неговиот монументален стаклен кров на вториот кат, кој внесува блескавост во просторот во било кое доба од денот, со висина од 5.30 метри и тераса со поглед на градината.

На последното ниво во отворената галерија, до кое се доаѓа по метални спирални скалила, се наоѓа голема спална соба и тоалет.

Извор и фотографии: espaces-atypiques.com

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.