Прикажува 1 од 3

Никогаш доволно добри идеи за организирање на домот. Ака не прашате нас, организиран дом значи организиран ум. Постојат многу начини на кои можете да ги организирате, овој или оној дел од собата или плакарот, но во 2019. година тоа нека ви бидат места, кои со задоволство ќе ги користите секојдневно. Добро дизајниран мебел, со екстра простор за одлагање е одличен начин домот да го одржувате уредно, организирано и практично и при тоа да уживате.

Дневна соба

Дневните соби денес често имаат отворен распоред со простор за јадење, кујна, а често и со работен дел. За да биде добро организиран таков простор, потребно е да се избере мебел, кој ќе биде естетски, атрактивен и ќе има дополнителен простор за одлагање. Сега сигурно се прашувате што да одберете? Денес постои спектар на мебел со дополнителни функции, од маси со скриени фиоки, масички кои можат да се претворат во маси за јадење, до елегантни клупи со фиоки во подножјето.

Прикажува 1 од 3

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.