На самиот излез од градскиот парк, во непосредна близина на хотелот Монте Мулини, направена е нова плажа, како дел од новото пејсажно уредување на Ровињ. Важен фактор кај проектирањето на плажата е почитувањето на постоечкиот терен. Имајќи предвид дека нивото на морето се менува во зависност од плимата и осеката, за околу 80 см во текот на денот, тој фактор стана уште позначаен. Поради тоа целата област е поделена во две зони: појасот од марината до павилјонот кој го заплискуваат големи бранови е една, а втората зона е многу помирна, камената плажа.

Првата зона е проектирана во согласност со топографијата на теренот, со многу прекршени бетонски површини, погодни за сончање, а кои се прошарани и со малку зеленило. Другата зона со камената плажа е многу позелена и со мала косина се спушта кон морето.

Во централниот дел на втората зона се наоѓа Мулини Бич Бар, со голем шанк, соблекувални, тушеви, тоалет и инфо деск. Барот е дизајниран како павилјон, делумно покриен со пергол – челична конструкција потпрена на 6 точки, а чиј конечен облик е добиен со анализа на движењето на сонцето во текот на летните месеци.

Перголата тешка 20 тони покрива распон од 30 метри. Кнструирана е од лимови со дебелина од 8 – 20 милиметри и широчина од 20 сантиметри. Барот се затвора со лизгачка врата, која е закачена на конструкцијата на перголата.

Проектот е завршен, а го потпишува студио од Загреб, 3LHD.

Фотографии: Joao Morgado

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.