Харуки Мураками (Кјото, 12 јануари 1949) – еден од најпознатите современи јапонски писатели надреалисти и добитник на престижни книжевни награди. Неговите книги и раскази се бестселери како во Јапонија, така и низ целиот свет, со преводи на 50 јазици.

Харуки Мураками е роден во Кјото, но поголемиот дел од своето детство го поминал во Кобе. Неговиот татко бил син на будистички свештеник, а неговата мајка била ќерка на трговец од Осака. Двајцата предавале јапонска книжевност, нo Мураками повеќе го интересира американската книжевност. Студирал драма на универзитетот Васеда во Токио каде ја запознал својата идна сопруга Јоко. Неговото прво вработување било во продавница за грамофонски плочи.

По завршувањето на студиите во 1974 година, отвора џез бар Питер Кет (Peter Cat) во Токио, кој работи сè до 1982 година. Темата на многу од неговите романи, како и самите наслови, се поврзани со музиката: Играј, играј, играј (од групата Делс (The Dells)), Норвешка шума (според песната на Битлсите) и Јужно од границата, западно од Сонцето (првиот дел е наслов на песната од Нет Кинг Кол).

Светски познат Мураками станува со објавувањето на “Норвешка шума”, носталгична приказна за загубата и сексуалноста, според кој е снимен и филм во 2010. Во Јапонија се продадени милион копии. Меѓу младите во Јапонија, Мураками станал суперѕвезда. Книгата е печатена во два дела кои се продавале заедно. Едната била зелена, а другата црвена.

Во 1986 година Мураками ја напушта Јапонија и патува во Европа и се настанува во САД. Меѓу останатото, предава на универзитетот во Принстон. Токму во тоа време ги пишува романите “Играј, играј, играј” и “Јужно од границата, западно од Сонцето”. Други познати романи се “Слушај ја песната на ветрот” (кој е екранизиран, како и филмот Тони Такитани кој е снимен според истоимениот краток расказ на Мураками), “Хроника на птицата која навива саат”, “Спутник љубов”, “Кафка на брегот”(за кој ја добива наградата “Франц Кафка”), “Кога ќе падне ноќта”, кратките раскази “Слонот исчезнува”, “После потресот”, “1Љ84”, “Безбојниот Цукуру Тазаки и неговите години на аџилак”, “Убиство на Комтур” (1. дел). Харуки Мураками стана и радио-диџеј во Токио. Интересно е дека овој автор, популарен насекаде низ светот, живее повлечено од јавноста и многу ретко дава интервјуа.

Еве некои од неговите инспиративни мисли:

1. Кога ќе излезете од бурата, нема да бидете иста личност како претходно. Точно за тоа е самата бура.

2. Ако ја читаш книгата што секој ја чита, ќе го мислиш само тоа што го мислат сите.

3. Користете ги вашите пари за работи што може да се купат со пари. Користете го вашето време за работи кои не можат да се купат со пари.

4. За жал, часовникот тика-така, часовите ги нема. Минатото се зголемува, иднината се намалува. Можностите стануваат се помалку и помалку, жалењето – се повеќе и повеќе.

5. Болката е неизбежна. Страдањето е прашање на избор.

6. Изгубени можности, пропуштени шанси, чувства кои никогаш нема да се вратат. Сето ова е дел од чувството да се биде жив.

7. Што и да барате, нема да дојде во форма во која што очекувате.

8. Сеќавањето на луѓето е горивото, кое тие го горат за да останат живи.

9. Ако не можете да го разберете без објаснување, нема да го разберете и со објаснување.

10. За што и да сонуваат, колку далеку и да одат, луѓето не можат да бидат друго, освен самите себе.

11. Случајните средби прават да се движиме напред.

12. Најважното нешто што го учиме на училиште е дека најважните работи не се учат таму.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.