Да се уреди простор од 145 м2 сигурно е вистински предизвик, но овој извонреден дизајн на архитектонската фирма Plasterlina е одличен пример за успешен проект на уредување на семеен дом за четиричлено семејство.

Пространиот ентериер е уреден впечатливо, а за да го постигнат тоа архитектите за негов дизајн користеа, освен многу светло дрво и цела палета светли нијанси, кои функционираат како база за ментол зелената и жолтата за извонредни детали.

Станот се простира на дури три нивоа. Во приземјето се наоѓа заедничкиот простор на кујната, трпезаријата и дневниот престој. Кујната е уредена во комбинација на бела и боја на дрво, трпезаријата се издвојува со ментол сини детали, но и плочки на подот кои ја издвојуваат таа зона од остатокот на просторијата. Дневниот престој е наместен со одличен жолт кауч, сива фотелја и симпатични табуретки.

Во станот се наоѓаат две спални соби. Главната, родителска, е уредена едноставно, додека големата соба за децата е украсена со весели мурали на ѕидовите и визуелно е поделена на два дела.

Во подрумскиот простор се наоѓа уште еден простран дневен престој за уживање и дружење, во потемни нијанси. Во станот има и три бањи, секоја посебна на свој начин. Извонредно уредување!



Извор: D&D

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.