Јунис Кетлин Вејмон позната како Нина Симон, беше американска пејачка, текстописец, пијанистка, аранжерка, и активистка за граѓански права. Таа се стремела да стане класична пијанистка и притоа работела на повеќе стилови, како класичен, џез, блуз, фолк, ритам и блуз, госпел и поп.

Со моќните сценски настапи, Симон заслужено ја добила титулата „Возвишена свештеничка на соул музиката“. На сцената, таа се префрлала од госпел на блуз, џез и фолк, до нумери со европски класичен стил, контрапункт во повторување во стил на Бax. За време на настапите вметнувала и монолози и дијалози со публиката, но често ја користела и тишината како музички елемент, споредувајќи ја со “масовна хипноза”.

Нејзината колекција на песни содржи незјни авторски песни, обработка на песни од други со нов аранжман на Симон, или песни напишани за неа.

“I Loves You, Porgy” од Џорџ Гершвин, “My Baby Just Cares for Me”, “Don’t Let Me Be Misunderstood” “I Put a Spell on You”, “Ne me quitte pas”, “Feeling Good”, “Lilac Wine”, “Wild Is the Wind”, “Sinnerman”, “Strange Fruit”, “Ain’t Got No, I Got Life”, “House of the Rising Sun” и уште многу други станаа антологија.

Фото: Webb Canyon Cronocle

Симон е родена во Северна Каролина, како шесто дете во фамилија на свештеник. Сакала да биде концертна пијанистка. Патот кон музиката ја променил својата насока откако не успела да добие стипендија на престижниот Curtis Institute of Musi во Филаделфија, и покрај нејзината добра аудиција. Подоцна, некој вработен во „Куртис“ и кажал на Симон дека не добила стипендија бидејќи била црна. За да може да го финансира своето понатамошно музичкото образование и да стане класична пијанистка, започнала да свири во мал клуб во Филаделфија, каде исто така барале и да пее. „Бетлихем Рекордс“ и понудиле снимање и нејзината преработка на „I Loves You, Porgy“ во 1958 станала хит во САД.

Во текот на нејзината кариера, Симон снимила повеќе од 40 албуми, најмногу меѓу 1958 година (кога настапила јавно со “Little Girl Blue”) и 1974 година. Во 2000 година ја добила наградата Grammy Hall of Fame и во текот на нејзината кариера била номинирана петнаесет пати за награда „Греми“.

Фото: lasinterferencias

Нејзиниот музички стил произлегува од соеднинување на госпел и поп песни со класична музика, особено со влијанија од нејзината прва инспирација, Јохан Себастијан Бах, придружен со нејзиното пеење кое наликува на џез во нејзиното карактеристично контралто. Таа во музиката внела што е можно повеќе од нејзината класична основа, за да и даде поголема длабочина и квалитет, бидејќи сметала дека поп музиката е инфериорна во однос на класичната. Нејзиното интуитивно разбирање на односот меѓу публиката и изведувачот го стекнала преку често свирење на пијано како придружба на само шест години за црковни ревивализми и церемонии.

На почетокот на шеесетите, Симон се вклучила во движењето за граѓанските права и насоката на нејзиниот живот повторно се променила. Музиката на Симон имала значајно влијание врз борбата за еднакви права во Соединетите држави.

Во подоцнежните години живеела во странство, при што конечно во 1992 година останала во Франција. Имено, во 1970 година, Симон заминала од САД, отишла во Барбадос и и имала долга афера со премиерот Ерол Бероу. Нејзината блиска пријателка, Мириам Макеба, ја убедила да отиде во Либерија. Пред да се пресели во Франција во 1992 година, живеела во Швајцарија и Холандија.

Фото: teachingforchange.com

Автобиографијата на Симон “I Put a Spell on You” била издадена во 1992 година, а во 1993 година го снимила последниот албум „A Single Woman”.

Во музичката индустрија Симон била позната по својата избувливост. Во 1985 година пукала во директорот на фирма за снимање, кого го обвинила за крадење на авторски права. Рекла дека „се обидела да го убие“, но „промашила“. Во 1995 година го погодила и ранила детето на соседот со воздушен пиштол, бидејќи неговото смеење ја деконцентрирало. Според некој биограф, Симон земала лекарства за нејзината состојба од средината на шеестетите па натаму. Ова им било познато само на мала група блиски пријатели, и не излегло во јавноста многу години. По нејзината смрт, во 2004 година Силвија Хамтон и Дејвид Нејтан ја напишале биографијата “Break Down and Let It All Out” во која ја откриле нејзината тајна.

Во 1993 година Симон се преселила во близина на О-ан-Прованс (Aix-en-Provence) во Јужна Франција.
Седум години боледувала од рак на дојката, сè до 21 април 2003 година, кога умрела во сон во својот дом.
На нејзиниот погреб биле пеачките Мириам Макеба и Пати Лабел, поетесата Соња Санчез и уште многу други. Елтон Џон пратил цвеќе со порака “Беше најдобра и те сакам”.
Пепелта на Симон била разнесена низ неколку држави во Африка.
Зад себе, Нина ја оставила ќерка ѝ Лиса Селест Страуд, актерка и пеачка, која го зела псевдонимот Симон, а настапила и на Бродвеј во “Аида“.

Насловна фотографија: NPR

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.