Започна како обичен разговор помеѓу соседи, а се претвори во национално движење  за привремено запирање на сообраќајот за да завладее детската игра на улиците.

“Би требало да е нормално децата меѓусебно спонтано да се повикуваат на игра, наместо се однапред да им организираме и договараме” раскажува една мајка од Бристол. Алис Фергусон и нејзината сосетка Ејми Роуз во 2009 година одлучиле  да сторат нешто околу тоа. Организирале затворање на сообраќајот на три часа една вечер после часовите, за да можат децата слободно да се бркаат и да трчаат наоколу. “Родителите се сетија на  своето детство и заклучија дека ова треба да биде нормален дел од нашите животи”. И така, еден ден се претвори во цела кампања под назив “Надвор на игра” (Playing Out).

Целта на кампањата е  улиците во населбите да се направат побезбедни за детска  игра и семејствата да се оттргнат од компјутерските екрани, да излезат надвор и повторно да ги  откријат малите нешта, како шолја чај со соседите, или возење тротинет по улица без родителите да мораат да ги следат децата.

Иако на почетокот не било планирано “Playing Out” да стане постојана пракса, Бристолската градска управа покренала пилот проект за кој можеле да се пријават улиците во градските населби, за да добијат распоред на затварање на сообраќајот на три часа еднаш неделно.

1003. Trend - Britancite im gi zemaat ulicite na vozilata

Денес, преку 60 Бристолски улици се вклучени во проектот, а идејата се проширила и вон овој град, бидејќи во уште  30 места, вклучувајќи и некои Лондонска предградија, локалната управа ја усвоила праксата на затворање на улици заради детски игри, а постојано се пријавуваат за учество нови улици.

Хелен Форман, која организирала “Playing Out” во Лидс, инспирирана од примерот на Бристол, вели дека постојат многу придобивки од оваа акција “децата ја развиваат свеста за своето соседство и се приготвуваат за слободата која ќе ја имаат во постара возраст, додека возрасните создаваат посилна заедница”.

Кетрин Кеј во 2012 година ја покренала оваа акција во Вортинг: “Додека бев бремена сонував за тоа како децата учат додека се надвор и си играат, без родителите кои им дишат во врат и им викаат “внимавај!” Имав идеја како сакам да изгледа мојот живот со децата, но морав да се прилагодам на урбаната средина. Кога јас бев мала си игравме  надвор, а ако некој паднеше, викавме помош. Се плашам да ги пуштам своите деца да го прават истото, а не сакам да ми е страв.” За Кеј, овој проект е многу повеќе од можност за играње: “На децата  веќе не им даваме шанса нештата да ги научат сами. Ме загрижува недостатокот на  спонтано учење. Ако го правиш само она што те тераат, нема ништо вистински да научиш. Каде ќе ги  најдеме сите оние инженери, научници и уметници? Не се проблем само компјутерските  екрани, туку тоа што на децата постојано им се говори “ова не смееш” или “ова мораш”.

1003. Trend - Britancite im gi zemaat ulicite na vozilata

Кога го организирала првото “Playing Out” била запрепастена од резултатот. “Никој дури не ни знаеше дека толку деца живеат во нашата улица.”

Идејниот творец на проектот, Алис Фергусон, денес знае дека нејзиниот став за потребата од слободна игра го дели мнозинството родители, бидејќи им се смачило постојаното надзирање и организирање на детските животи. Не станува збор за утописката желба да се врати времето, туку обид да се пронајде нова рамнотежа во односот помеѓу луѓето и сообраќајот на улиците, кои треба да им припаѓаат и на едните и на другите.

 

“Она што посакувам, е  да стане нормално децата меѓусебно да се повикуваат без најава и едни на други да си тропаат на вратата и да прашуваат “Сакаш да си играме надвор?” Дозволивме децата да ја изгубат слободата, однесувајќи се премногу заштитнички и ги гледаме  само ризиците кои ги демнат кога се надвор, но не и оние кои постојат во домот.”

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.