Не е тајна дека боите со кои сме опкружени влијаат на нашето расположение. Колористичките трендови за 2019. година се смели, храбри и модерни…

Со помош на боите, вашите ѕидови можат да добијат текстури, шаблони, идентитет. Постигнатиот ефект може да биде запрепастувачки добар. Без оглед на тоа дали во прашање се топли или ладни бои, тие ќе ви помогнат да го смените доживувањето на просторот, играјќи се со визуелни варијации, кои ви ги овозможува нивната разлика во нијанси, особено во вашата спална соба, каде поминувате голем дел од времето.

Кога станува збор за било какво реновирање во домот, од едноставното освежување на собата па се до голем ремонт, внимателно испитајте ги опциите и откријте што е тоа што Вам ви се допаѓа, а што не.

Потоа доаѓа време да одлучите која боја кај Вас предизвикува најдобро расположение и какава е постоечката шема на боите во вашата спална соба. Дали сакате даги освежите ѕидовите со нова боја или да акцентирате само еден ѕид.

Што ѝ да одлучите, пред Вас е списокот на тренди боите, кои ќе бидат голем хит во ентериерите, во оваа, 2019. година. Доколку сте во потрага за драматична промена, тогаш имате среќа. Некои од најдобрите бои за оваа година се екстравагантни, богати, драматични.

Има нешто освежително во овие бои, иако е во спротивност со нивната темна природа. Тоа на Вашата спална соба ќе и даде чувство на величественост и елеганција. Кога се во прашање богатите, раскошни бои на спалната соба, размислете за шумско зелената, сенф жолтата, освежително сината или бојата на лаванда.

Доколку во вашата спална соба сакате да внесете зен и чувство на релаксираност, стручните лица тврдат дека е најдобро да одберете бои, кои го промовираат чувството на смиреност и опуштеност. Вашиот избор во тој случај нека бидат сиво зелената, мистично сината или бледо розовата. Бледо розовата се вклопува подеднакво добро со темен и со светол мебел и оваа боја носи чувство на софистицираност во секоја спална соба.

За малку живост во просторот определете се за лимон жолтата, која ќе направи и во тек на најтемниот дел од денот, собата да ви сјае со сонце. Во предвид тука доаѓа и бојата на кајсија. Бојата на кајсија е исклучително флексибилна и добро се комбинира со многу други бои и тонови. Темно дрво, светло дрво или бел мебел – сето тоа прекрасно оди со бојата на кајсија.

Можеби ќе ви си чини дека земјените тонови во спалната соба делуваат здодевно, но размислете уште еднаш. Бојата на цимет во секоја спална соба носи енергија на огин и топлина, додека бојата на глина внесува чувство на природата. За автентичност комбинирајте темно кафеава со светли и темно зелени акцесоари и мебел.

Инспирирајте се и бидете креативни

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.