Овие балконски цвеќиња цветаат од пролет до есен, не им пречи ништо и успеваат секому!

Kадифе

Кадифе е едно од најпопуларните летни цвеќиња, заради неговата убавина, но и заради малите барања за одгледување. Без оглед на земјата во која ќе го насадатите, тоа ќе успее. Кадифето е балконско цвеќе со убав и богат цвет, кој трае цело лето. Го има во нијанси на жолта и портокалова боја, со едноставни или полни цветови. Најубаво ќе расте на сонцчева тераса до полусенка, со пропустлив супстрат. За да ви цвета цело лето, отстранувајте ги прецветаните цветови и редовно прихранувајте ги и залевајте ги.

Пеларгонија

Pelargonium исто така е познат по својата отпорност и едноставност за одгледување. Се карактеризира со темни лисја кои имаат карактеристичен темно зелен прстен на рабовите. Ја има во бели, жолти, розови, црвени, виолетови и портокалови нијанси. За да расте, потребно е сончево место, но заштитено од директното пладневно сонце, како и пропустлив супстрат, кој треба да се просуши помеѓу две полевања. Прецветаните цветови и пожолтените лисја треба да се отстрануваат. Редовно залевајте ја!

Петунија

Петунијата е едно од најпознатите цвеќиња за украсување на балконот. Оваа препознатлива цветна убавица доаѓа во многу форми и бои на цветови, како бела, жолта, розова, виолетова, сина и црвена боја, а може да биде и во две бои.
Цути од јуни до септември, и бара полу-сенка и пропустлив хумусен супстрат. Поради нејзините нежни цветови, бидете внимателни да не е премногу изложена на ветер. Петунијата негувајте ја со редовно полевање и прихранување со ѓубрива кои содржат низок процент на азот и фосфор за обилно цветање. Во втората половина од летото можете да ги засечете на 20 см од нивото на земјата, добро да ги прихраните и тие повторно ќе цветаат до есента.

Ден и ноќ

Успева на секој вид почва. Ова цвеќе е најчестиот вид што го гледаме засаден во парковите и градините. Препознатлив е по специфична градба на цветот – цвет со пет ливчиња со две во горниот дел, двете од страните и едно во долниот дел на цветот. Постојат голем број на сорти кои се разликуваат во бојата на цветот кој може да биде во сите нијанси од бела до темновиолетова. Покрај монохроматски има и двобојни или цветови во повеќе бои.

nasturtium flowers

Бегонија

Бегонијата е цвеќе со меснати лисја и голем број на цветови. Ја има во бела, розева и црвена боја, а цветовите се полни или едноставни; листовите кај некои сорти можат да бидат во бакарна боја. Бараат сонце или полу- сенка и пропустлив супстрат.
За да го оправда својот латински назив semperflorens, што значи постојано цветачки, треба редовно да се прихранува. Се препорачува супстратот лесно да се просуши помеѓу две полевања.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.