Ана Павлова (12 Февруари 1881 – 23 Јануари 1931) беше руска балерина од крајот на 19 и почетокот на 20 век, која ќе остане запаметена како најголемата балерина на 20от век, најелегантниот лебед на сцената и личност која е заслужна за популарноста на балетот во целиот свет.
Павлова е најпозната по нејзината соло сценска изведба Лебед на умирање.

Со сопствената компанија таа беше првата балерина која појде на балетска турнеја низ светот. По неа е именувана тортата „Павлова“, која претставува пенест десерт.

Фото: Nacional Portrait Gallery

Во зимата 1890 година, додека снегулките танцувале во Санкт Петербург, Ана за својот деветти роденден отиде со мајка и во театарот Марински. По гледањето на балетот “Заспаната убавица” од Чајковски, таа реши да стане балерина. Во романтичниот град на романтичен начин започна приказната за нејзината љубов кон уметноста создадена со телото и движењето.

Девојчето кое растеше без татко, со нејзината мајка, сиромашна перачка, одлучи да блесне на сцената на Царскиот театар. Ана имаше среќа да се роди во вистинско време на вистинско место, во градот каде што имаше извонредни балетски училишта и во кој се обрнуваше големо внимание на уметниците и на нивниот развој. Ситна и кревка, Ана не се вклопуваше во стандардите за тоа време. “Сфати дека кршливоста е твојот најголем капитал и нека танцот ги покаже твоите квалитети.” – ja советуваше нејзиниот учител.
Дипломираше со 18 година. Толку беше талентирана, што веднаш беше поканета да се приклучи кон Царската балетска трупа. Следуваат драмите “Ќерката на фараонот”, “Заспаната убавица”, “Бајадера” и “Жизел”. По улогата на Жизел, таа во 1906 година беше прогласена за прима балерина.

Фото: Phamous Biographies

Во времето кога во балетот владееја строги правила и академизам, Ана Павлова ја освојуваше публиката со стил кој често отскокнуваше од правилата. Таа играше со душа. Нејзиниот талент го придвижуваше моменталната инспирација. Нејзиниот танц не ја освојуваше публиката со техничката прецизност, туку беше полн со емоции. Се велеше дека оваа лелеава и елегантна балерина ја отсликува руската душа. Еден од нејзините учители велеше дека тој може да ги научи своите ученици се што е поврзано со танцот, но дека Ана има нешто што може да се научи само од Бог.

Ана Павлова остана најпозната по улогата на лебедот што умира, во соло кореографија што за неа ја осмисли Мисел Фокин во 1905 година. Потоа таа самата создаде неколку соло кореографии.

Фото: Pinterest

За неа годишно се изработуваа 2000 балетанки. Ана често играше во несоодветни услови, дури и на дожд, со шината и скршена нога и со температура. Веруваше дека балетот е нејзиниот подарок за светот и дека никогаш не смее да престане да прави сé што може за да ја приближи оваа уметност до публиката.
Таа ги инспирираше генерациите на деца да почнат да се занимаваат со оваа уметност, а меѓу нив се и добро познати играчи и кореографи.

Фото: The Independent

Ана Павлова ја напушти Русија во 1912 година и се пресели во Лондон. Имаше ретки паузи помеѓу турнеите, што ги поминуваше во куќата во Лондон (Ivy House), во чиј двор имаше едно мало езеро и нејзините миленичиња лебеди, од кои нејзиниот омилен беше Џек.

Фото: fineartamerica.com

Таа беше исклучително елегантна и секогаш убаво облечена, иако не сакаше многу да се фотографира.

Фото: National Portrait Gallery

Немаше деца, но им беше голема поддршка на руските сирачиња после Првата Светска Војна. Ана купи куќа во Париз во која живееја 15 девојчиња од Русија, кои таа ги посвои и со парите од претставите го финансираше нивното образование.

Фото: Pintеrest

Последната турнеја на Ана Павлова заврши во Хаг во 1923 година, а тогаш заврши и нејзиниот живот. Доби воспаление на белите дробови што бараше хируршка интервенција, но лекарите ѝ рекоа дека после тоа нема да може да продолжи да игра. Таа ја одби операцијата велејќи дека повеќе би умрела отколку да престане да игра. Животот на “Лебедот што умира” заврши во хотелската соба во Хаг и се верува дека нејзините последни зборови биле “Припремете ми го лебедовиот костум.”

Во согласност со балетската традиција, на денот кога требаше таа да настапи, претставата се одржа како што беше планирано, а рефлекторите го осветлуваа кругот на сцената каде што требаше да се појави Ана Павлова.

Фото: Clara’s Coffee Break – WordPress.com

Насловна фотографија: Pinterest

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.