Без разлика дали сте љубител на убавите пастелни бои или пак на  длабоките нијанси, бојата треба да ја користите обмислено (и прифатливо) и со нејзина помош за само неколку часа да ја трансформирате вашата спална соба.

Декорирањето со боја е најбрз и веројатно, најприфатлив начин за освежување на спалната соба.  Но, која боја (бои) да ги изберете за вашата модерна спална соба – и како да ги примените?

12 модерни идеи за боја на вашата спална соба

Најпрво, помислете на расположението што сакате да го создадете: светло и весело или пак , темно и удобно? Потоа, преминете кон поставеноста на вашата соба: колку сончева светлина добива и како боите што ги разгледувате ќе изгледаат под природна дневна светлина и под лампа?  Сега размислете за големината на вашата спална соба: дали сакате да ја чувствувате поголема или големината навистина не е важна за вас кога се работи за спалната соба?

12 модерни идеи за боја на вашата спална соба

Со избраната комбинација на бои, размислете за начините како да ги примените на ѕидовите: дали ќе го користите пристапот со четири ѕида; дали ќе се одлучите за фокален ѕид или ќе користите две бои на еден ѕид за да создадете модерен ефект на боја; или можеби ефект на омбре е повеќе ваш стил?

Се одлучивте?  Дозволете следните неколку идеи да ви помогнат при изборот.

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.