Бидејќи ниеден ѕид во вашиот дом не треба да биде како празно платно, ве потсетуваме на трендовите за бои за 2019 година за да ве инспирираме пред почетокот на летната сезона.
За да одлучите кои бои најдобро ќе функционираат во одделни простории низ вашиот дом, земете ги во предвид 10-те најдобри идеи за бои за оваа, па и не само оваа година, според годишната прогноза на Pantone и дизајнерите на Décor Aid. И како и секогаш, кога размислувате да ги внесете најновите бои во вашиот дом, размислете за вашиот животен стил, вкус и дизајн насока, бидејќи нема тренд на боја, а кој вреди да се жртвува вашата лична естетика.

Лешник

Топлите крем со нијанси на боја на лешник, никогаш нема да излезат од мода, ниту пак се судираат со постојниот мебел, бидејќи тоа се многу дискретни нијанси, кои воедно ја прават просторијата.светла и поголема.

Сиво – виолетова, боја на јогорван

Иако сивата како гулаб е една од најкласичните бои, кога барамте модерни алтернативи за идеални неутрални бои, бојата на јоргован е освежувачка алтернатива која ги прави сивите нијанси потопли, повесели и е доволно суптилна за да не ни здодее лесно.

Темно Зелена

Од пригушена и неодредена, зелената боја може да имитира чувство на бујна ботаника и лековита моќ на природата во домот, притоа поставувајќи го тонот со силна основна нијанса.
Нашите дизајнери за ентериери сугерираат дека овој тренд треба да биде резервиран за добро осветлени, големи соби, бидејќи неговиот интензитет може да ги надвладее малите простори и да направи тие да изгледаат потемни.

Загасити пастелни бои

Пастелни деривати во минијатурни, пригушени тонови, имаат смирувачка моќ која носи недооценливо вибрато кое е совршено за родово неутрални простории и заеднички области како кујни и бањи. Освен тоа, пригушени пастели прават топла позадина за минималистички дизајн.

Мека глина

За талкачите и љубопитните, меките бои на глината се одлична алтернатива за беж и кафена, бидејќи тие ќе и дадат на секоја соба сончев дух и едноставна елеганција. Размислете за теракотна, карамел, каранфилче и јака портокалова, кои даваат повеќе особеност од било која неутрална боја. Со нив лесно се подига расположението во собата.

Нови сини бои

За традиционалисти со обичен пристап кон дизајнот на ентериер, јаглен сино, мраз сино, сиво-сино и многу бледо сиво се одлични опции за бои кои се далеку од секојдневни, а сепак доволно суптилни за да не надвладеат со просторијата .
Со бескрајни алтернативи, тонирајте со попригушена и суптилна палета на бои за да добиете најдолгтраен избор.

Сенф

За оние кои бараат популарна боја и алтернатива на златна, длабоката боја на сенф е одлична за моментално создавање на богати фокални акценти, за акцентни ѕидови, па дури и за декорирање.
Придушени и “паметни“, со овие бои се создава провокативна длабочина се нагласува декорот и уметнички блескаво, бидејќи понекогаш најдобрите идеи за боја се применуваат во мали дози.

Магла

Оваа не-боја може да произлезе од мешавина на пригушена пастелно сина и зелена со сива и виолетова подлога. Размислете за овој тренд на боја како празно платно за декорирање, како поинтересна почетна точка од стандардните беж и бела, а освен тоа, кај бојата на магла лесно е да се прикријат флеките.

Печурка

Оваа боја доаѓа како ажурирање на популарната ера на 70-тите. Една од нашите омилени модни бои и бои за ѕидови за оваа година, бојата на печурка е неутрална, безвременска и уникатна, плус, изгледа одлично со природен мебел.

Боја на калаj

Совршената сиво-беж, богата алтернатива за сите бели ѕидови, дава речиси празно платно и многу можности.



Фотографии: Pinterest

Остави одговор

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.